Според најновите податоци на Народната банка, вкупните депозити во февруари 2025 година бележат годишен пораст од 11,1%, додека вкупните кредити се зголемени за 11,5% во однос на истиот период минатата година. Во февруари 2025 година, паричната маса регистрира месечен пораст од 0,2%, под влијание на зголемените депозитни пари и долгорочните депозити до две години, додека краткорочните депозити и готовите пари во оптек бележат намалување. ...

Фондот за осигурување на депозити од Република Северна Македонија стана полноправна членка на Меѓународната асоцијација на осигурители на депозити (IADI). Меѓународната асоцијација на осигурители на депозити (IADI) претставува глобален креатор на стандарди за системите за осигурување на депозити и главен форум каде осигурителите на депозити од целиот свет се состануваат за да споделат знаење и експертиза. „Со нашето членство во големото ...