Рисима Матевска Рисимкин е родена на 25 октомври 1963 година. Таа е еднa од водечките македонски кореографки и уметничка директорка на „Танц Фест Скопје“ и Скопскиот танцов театар, првата официјална компанија за современ танц во Македонија. Таа е редовен професор на Катедрата за современ танц, при Филмската академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што е и декан од ноември 2020 година. Рисимкин докторира на државниот универзитет ...

Кире Ацевски е роден 27 октомври 2000 година, во Велес. Основно училиште завршил во месното ООУ „Блаже Конески“, а средно училиште во Гимназија „Кочо Рацин“, исто во Велес. Во 2023 година, тој дипломирал на Факултетот за драмски уметности – Скопје, во класата на професор м-р Мими Таневска-Србиновска и асистент м-р Ангелчо Илиевски. Ацевски во 2018 година ја добил „Големата награда за најдобра машка улога“ на Фестивалот на поетски театар „Борба и ...

Елена Велевска е родена на 26 октомври 1980 година во Прилеп. Таа е позната македонска фолк пејачка. Се родила како втора ќерка во семејството Велевски. Уште на осум години запеала на училишните смотри на кои настапувала сè до завршувањето на основното образование кога речиси истовремено била избрана за претставник на Прилеп на училишниот натпревар што се одржал во Пробиштип. Својата прва песна “Сонувам” ја снимила на петнаесетгодишна возраст со ...