Хумани луѓе помогнаа тетка Елица Стојановска од село Барешани да добие нов дом со помош на донации организирано од црковниот одбор на манастирот "Свети Маркуриј" во Барешани! Верниците ја познаваат Стојановска како жената која помага во манастирот и се грижи за него. Од Црковниот одбор објавија - После пожарот кој се случи на 29.12.2025г. во домот на Елица во с. Барешани, сега конечно се всели во новата куќа која се изгради со помош на ...

По шест месеци неизвесност и борба, тетка Елица Стојановска од Барешани повторно има свој покрив над главата. од куќата која за само неколку часа ја проголта огнот, до новиот дом изграден со човечка солидарност. Ова е приказна за хуманоста која спои многу луѓе со една цел. На 29 декември 2025 година, мирното утро во битолското село Барешани беше прекинато од пожар. Пламените јазици ја зафатија куќата на 63-годишната Елица Стојановска. Пожарот ...