Американскиот Сенат го одобри барањето на администрацијата на Доналд Трамп за намалување на буџетот за 9 милијарди долари, вклучувајќи ги и средствата наменети за странска помош и јавниот радиодифузен систем. Предлогот беше усвоен со 51 глас „за“ и 48 „против“, а последниот збор сега го има Претставничкиот дом, кој треба да го одобри до петок. Републиканските сенатори Сузан Колинс и Лиза Мурковски им се придружија на демократите во гласањето ...

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба вредна 10 милијарди долари против „Дау Џонс“, компанијата во чија сопственост е весникот „Волстрит џурнал“, и нејзиниот сопственик Руперт Мардок. Причина за тужбата е наводна клевета и кршење на законите за клевета поради напис во кој се тврди дека Трамп му испратил „непристојна“ порака на сексуалниот престапник Џефри Епстин. Според весникот, Трамп му испратил роденденска честитка на покојниот ...