Доминик Соланке стана хит во Лондон, откако блесна во дербито меѓу Тотенхем и Манчестер Сити во Премиер лигата. Напаѓачот на „петлите“ беше човекот кој при негатива од 1-2 го врати својот тим до егал. Израмнувачкиот беше исклучително атрактивен, бидејќи Соланке погоди по нафрлување со неверојатен „шкорпион удар“. Ваков погодок во Премиер лигата постигна Оливие Жиру во 2017 година во дресот на Арсенал против Кристал Палас. Доминик Соланке ...

Дербит на 24. коло во Премиер лигата меѓу Тотенхем и Манчестер Сити заврши без победник (2-2). Средбата на „Тотенхем Хотспур Стадион“ во Лондон понуди две дијаметрално спротивни полувремиња. Во првото гостинот од Манчестер одигра подобро и стигна до двојна предност, меѓутоа во продолжението домашната екипа успеа да се врати до егал. Резултатот беше отворен по 11. минути игра, откако Ерлинг Халанд го проигра Рајан Черки, а овој погоди за 0-1. ...