Одлуката на Соединетите Американски Држави да ја суспендираат обработката на визи за македонските граѓани не е „техничка пауза“ туку предупредување. Стануваме земја од „третиот свет“, се вели во соопштението од СДСМ, што го пренесуваме интегрално. Македонија денес ја плаќа цената на погрешните политики на Мицкоски што водат кон затворање, изолација и губење на довербата кај стратешките партнери. Надворешната политика на оваа влада е сведена ...

Одлуката на Соединетите Американски Држави да стават „на пауза“ дел од постапките за имигрантски визи за државјани од 75 земји, меѓу кои и Северна Македонија, е политичка порака и предупредување, а не „техничка пауза“, соопшти СДСМ. Партијата тврди дека мерката е последица на политика што ја води земјата кон изолација и губење доверба кај стратешките партнери. Американските власти најавија дека од 21 јануари 2026 година се паузира обработката ...