Премиерот Христијан Мицкоски првата прес-конференција по кочанската трагедија ја почна со кажување како тој лично се чувствува. Затоа, сега е сосем непристојно кога Владата ни кажува како ние треба да се чувствуваме, како треба да тагуваме, дали треба да протестираме, како да протестираме, какви прашања треба да поставуваме… Па добога, на неколку дена пред пожарот, самиот Мицкоски беше спремен да дига народ на протестен марш против петмина ...

1 Еве ѝ шанса на Владата да направи коренити промени на системот. Само, нека не очекува да ја фалиме затоа што инспекциите започнале, како што вика, со „робустна акција“, па сега масовно ги проверуваат сите лиценци, дивоградби, доградби, необезбедени градилишта, дозволи и противпожарни системи, па дури можеби и прекумерна бучава ќе почнат да откриваат. Тоа им било работа и до ноќта меѓу 15 и 16 март кога ни се случи незамисливата трагедија во ...