Поради неизвесноста на финансиските пазари, инвеститорите бараат побезбедни засолништа за својот капитал, па затоа се свртеа кон купување скапоцени метали. Благодарение на ова, цената на златото се зголеми за уште 1 отсто утрово, на рекордни 4.813 долари за унца. А поради тензиите меѓу САД и Европската унија околу Гренланд, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути падна трет ден по ред на валутните пазари. Индексот на ...

Златото повторно се искачи во центарот на вниманието на светските пазари, откако неговата вредност достигна историски највисоки нивоа. Засилената геополитичка неизвесност и новите тензии меѓу САД и Европа, поврзани со изјавите на Доналд Трамп за Гренланд, ги натераа инвеститорите да се повлечат од ризичните вложувања и да се свртат кон посигурни алтернативи. Во услови на нестабилна глобална политичка клима, капиталот сè почесто се насочува ...