Реконструкција на фекална канализација во село Дабниште (фото) Во тек е реконструкција на фекална канализација во село Дабниште. Изведувач на работите е фирмата РМК ГРАДБА од Студеничани. Вкупната вредност изнесува 10 402 714 денари, од кои 3 000 000 денари се инвестиција на Министерство за животна средина и просторно планирање, а останатиот износ од 7 402 714 денари, е инвестиција на општина Кавадарци - информираат од локалната самоуправа. ...
Реконструкција на канализациона линија Откако Локалната самоуправа пристапи кон регулација на речното корито на реката Луда Мара на локација од мостот на Булевар „Видое Смилевски“ до мостот на Северен булевар, Ј.П. Комуналец Кавадарци со сопствена инвестиција изврши комплетна реконструкција на канализациона линија во должина од 100 метри на објектите кои беа директно вклучени во речното корито и немаа поединечна канализација - информираат од ...

