Луѓе со попреченост, но и родители со колички, велосипедисти, деца, млади и повозрасни граѓани денеска беа дел од групата што маршираше од Влада, преку бараките на Град Скопје, па се’ до вториот дел од Градски парк, со цел да побараат подостапен и поинклузивен град, без пречки. На ,,Маршот на исклучените” можеа да се видат пораки и транспаренти од типот „Живот без бариери“, „Вклучи инклузија“, „Колите на паркинг, луѓето на тротоар“, „Град ...
Пристапноста не е привилегија, туку основно право. Еднакви можности и активно учество во општеството, се само некои од барањата на луѓето со попреченост. „Маршот на исклучените“ е дел од програмата на петтото издание на „Инфјужн“ – Фестивал на инклузија, настан кој секоја година ги обединува велосипедистите, семејствата и мајките со детски колички во поддршка на лицата со попреченост. „Доколку нешто си замислам како желба, тоа би било да го ...

