Кошаркарите на Соколи забележаа уште една висока победа над Ролинг во Струмица со резултат од 47:94, во рамки на последното коло од регуларниот дел на Првата лига. Штипјани обезбедија место во топ осум каде ќе разигруваат за влез во кошаркарската елита на Македонија односно Суперлигата. Во рамки на групата Б покрај Соколи убедлива победа имаше и тимот на Бутел кој славеше над Спортистимо од 124:87, а пак Борец Баскет го доби дербито со Овче ...
Овој викенд започнува битката за влез во Суперлигата, делегирани се натпревари за првото коло од топ осум групата на Првата лига. Штипскиот прволигаш Соколи против Охрид ја започнува борбата за остварување на својата цел – влез во Суперлигата за следната сезона. Штипјани ќе гостуваат во „Билјанини Извори“ каде ќе се соочат со охридскиот тим, а ова ќе биде дуел на две екипи кои претендираат за влез во елитата. Штипјани ќе се соочат со првиот ...

