Ризиците од забрзан раст на инфлацијата во следниот период се сè поизвесни. Иако во февруари годишната стапка на инфлација во Македонија беше 2,9 отсто, сега конфликтот на Блискиот Исток и прекините во снабдувањето со енергенти од земјите од Заливот се опасност за ново разгорување на инфлаторните притисоци. Високите цени на енергенсите бргу се манифестираат и многу долго потоа се пренесуваат на останатите производи. Затоа, препораките се ...
По еден месец војна на Блискиот Исток, економскиот шок се чини многу поголем и посериозен од кризите со кои што се соочи светот во последните години. Се уништија дел од нафтените производни капацитети, се отежна, а некаде и целосно запре испораката на нафта, чиja цена речиси двојно се зголеми споредено со почетокот на годинава. А, кога расте цената на нафтата, неминовно преку транспортните и трошоците за производство се пресликува на речиси ...

