Модата ретко има потреба да се објаснува. Но понекогаш, доволно е само да се постави во вистински контекст. На отворањето на Fashion Weekend Skopje 32 powered by UniBank, таа не се обиде да импресионира, туку функционираше. Како култура, како технологија, како структура што ги поврзува различните слоеви на современото општество. Во просторот на Diamond Mall, пред публика составена од дипломати, дизајнери, институции и новата генерација ...
Модата не е повеќе само она што го гледаме. Таа е она што стои зад тоа. Втората вечер на 32. Fashion Weekend Skopje powered by UNIBank ја помести сцената од писта кон систем, каде креативноста, економијата и културната дипломатија престануваат да бидат одвоени категории. Денот започна со UNIBank Fin Talk, под модерација на Ирина Михајлова, каде разговорот за финансиска писменост беше поставен таму каде што најмалку се очекува, во сржта на ...

