Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами, изјави дека е „ужаснат од убиството на двајца вработени во израелската амбасада“ во Вашингтон. Тој додаде дека Велика Британија го осудува „одвратниот, антисемитски злочин“. И официјален Париз го осуди убиството, нарекувајќи го „одвратен чин на антисемитско варварство“. Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро истакна дека „ништо не може да го оправда таквото насилство“. ...

