Во околината на Велес денеска избувна голем пожар кој за кратко време зафатил поголема површина, соопштуваат локални извори. Според првичните информации, огнот се движи кон населени места и постои ризик да бидат загрозени и неколку куќи. На терен се ангажирани противпожарни екипи кои интензивно работат на негово локализирање и спречување на понатамошно ширење. Засега нема потврдени информации за повредени лица, ниту за причините што довеле до ...
Пеплосани лозја, изгорена вегетација и поцрнета земја останаа зад големиот пожар во атарот на велешкото село Карласлари. Фотографиите на екипата на Рацин.мк од терен ја покажуваат силината на огнената стихија и штетата што ја претрпеле лозовите насади. Пламените јазици поминале низ земјоделските површини, оставајќи зад себе изгорени лозја во кои сопствениците вложувале труд со години. Пожарот избувна денеска во околината на Велес и за кратко ...

