Пејачот Александар Темелков јавно сподели дека се разведува од својата сопруга со која го има синот Мите. Поранешната македонска „Гранд“ ѕвезда реши да не го крие тоа, туку јавно да сподели, а ја спомена и причината. „Драги мои фанови и почитувана јавност ве известувам дека јас и мојата сопруга одлучивме да се разведеме. Едноставно различни карактери, но ќе останеме во добри пријателски односи заради нашиот син Мите“, напиша Темелков во ...
Македонскиот пејач и натпреварувач во популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Александар Темелков, повторно го привлече вниманието на јавноста, но овојпат со вест надвор од естрадната сцена. Имено, македонската „Гранд ѕвезда“ го растури бракот со својата сопруга Сара! Со неа стапи во брак во јануари 2024 година, откако ја ожени бремена и тоа како малолетна 16-годишна девојка. Веднаш потоа тие станаа и родители, кога на свет ...

