Македонскиот јазик бил заштитен со францускиот предлог, а Бугарија која не го признава, само провоцирала. Вака лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, го коментираше соопштението на бугарското МНР, во кое пишува дека граѓаните тука говореле јазик достапен за нив. Вели дека јазикот бил загрозен само според Мицкоски и според никој друг. Филипче тврди дека јазикот јасно бил заштитен со договорите кои владата на СДСМ ги потпишала изминатите ...

Како аргументацијата на тврдењето дека во овој момент македонското општество не е „зрело за укинување на техничката влада“, лидерот на СДСМ смета дека тоа е затоа што „оваа власт агресивно ги стави канџите на сите институции и ги злоупотребува во свои политички цели“. За причините на Мицкоски за свикување лидерска средба, Филипче нагласи дека „му се брза“ и дека „се бара алиби за распишување избори – не му треба дијалог, туку покритие“, но ...