Над 5.000 сезонски работници од Македонија веќе отишле во Хрватска. Летната сезона допрва почнува, а искуството од минатите години покажува дека оваа бројка може да се удвои. Ако се земат предвид и останатите држави кои се поатрактивни за летна сезонска работа, тогаш бројките стануваат уште поалармантни. Најголема побарувачка за сезонски работници во странство има во угостителските и услужните дејности, како и во градежништвото. А, колку сето ...

Само до април, Македонија веќе испорачала над 5.000 сезонски работници во Хрватска, покажуваат официјалните статистички податоци на таа држава. Според хрватското Министерство за внатрешни работи, исклучувајќи го периодот на пандемијата, секое лето таму одат меѓу 10 и 14 илјади работници на сезонска работа. „Генерално Македонија има одлив на сезонска работна сила и тој циклус јас го следам од 1998 година наваму. Имаше осцилации во одредени ...