Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити, ги критикуваше навивачите на Лидс Јунајтед кои ги исвиркаа муслиманските играчи на неговиот тим. Гвардиола повика на поголема толеранција, велејќи дека почитувањето на другите религии е дел од животот во современиот свет. Натпреварот беше накратко прекинат за да можат тројца играчи на Сити - Рајан Аит-Нури, Рајан Черки и Омар Мармуш - да пијат вода по зајдисонцето на „Еланд роуд“, што беше најавено ...

Иако Ерлинг Халанд не беше во тимот на Манчестер Сити на дуелот со Лидс, сепак составот на Пеп Гвардиола успеа со голот на Семењо да слави со 0:1. Норвежанецот е повреден и не се знае кога ќе се врати во составот на “граѓаните“. Ова и Пеп го потврдува: „Кога ќе можеме да сметаме на Халанд? Навистина не знам. Пред два дена почувствува нешто на тренинг, не е ништо сериозно, но мора да почекаме“, рече енигматичниот Пеп. За среќа на Сити, Антоан ...