Трансферот на Басиру Компаоре во Шкендија нема да се реализира. Напаѓачот од Буркина Фасо, кој минатата сезона во дресот на Струга Трим Лум беше најдобар стрелец во Првата македонска лига со 17 погодоци, кариерата најверојатно ќе ја продолжи на Малта. Според информации на „ИнфоСпорт“, Компаоре е во напредни преговори со Валета, клуб кој минатото лето го ангажираше и поранешниот дефанзивец на Струга Трим Лум, Сава Радиќ. Доколку преговорите ...
Десниот бек Енис Дервиши и официјално стави крај на својата соработка со Шкендија Арачиново, откако му истече договорот, а двете страни не успеаја да постигнат договор околу финансиските услови за продолжување на соработката. Дервиши беше еден од најзаслужните фудбалери во историската сезона на клубот, која заврши со пласман во Првата македонска фудбалска лига. Токму тој го реализираше решавачкиот пенал со кој Шкендија го победи Пелистер ...

