„Во 2010 година кај мене се роди идејата да создадам организација која ќе ги запознава граѓаните на Русија со културата, историјата, јазикот и современиот живот на Република Македонија и ќе придонесува за зближување на словенските народи. Нашите први организациски состаноци се одржуваа токму во Московскиот дом на националностите, кој веднаш нè прифати под своето крило. МДН навистина стана наш дом, вистинско родно место. Голема благодарност до ...

„Она што се случи вечерта, беше момент во кој македонската музика, македонскиот јазик и македонскиот мелос одекнаа. Тоа беше одек што не можеше да се игнорира, одек што беше глас на цела традиција, глас на еден народ што преку песна зборува со достоинство, со храброст и со длабоко вкоренета културна свест. Софија вечерта не само што слушаше македонска музика, таа ја почувствува Македонија во секоја нота, во секои стих, во секој здив. ‘Баклава’ ...