Босна и Херцеговина, но и целиот регион, вечера се збогува со Халид Бешлиќ, легендарниот крал на народната музика, кој, да потсетиме, почина на 7 октомври. Комеморација се одржа во понеделник, а поворката со неговиот ковчег, проследена од море од луѓе, се упати кон гробиштата кон последното почивалиште на Халид. Босанско-херцеговската телевизија „Фејс ТВ“ емитуваше трогателна репортажа што длабоко ги трогна гледачите. Долгогодишниот пријател на ...
Покрај бројните колеги, пријатели и членови на семејството, смртта на Халид Бешлиќ многу го погоди и неговото куче Бенџо. Кучето живее во мотелот на Халид, а откако музичката легенда почина, кучето одбива да јаде и да пие. Возачот на Халид, Владо Пејиќ, кој живее во мотелот, раскажа како Бенџо не може да ја скрие својата тага. „Бенџо е кучето на Халид, старо 15 години. Веќе и тешко оди. Халид го нашол некаде на улица пред 15 години и го донесе ...

