Кошаркарите на ТФТ ја пропуштија шансата да направат сензација и да го елиминираат Широки Брег за пласман во елитната АБА-лига, но сега имаат ново искушение и нов обид, преку плејофот и дуелите со Борац Чачак. Вечерва македонскиот тим го очекува гостување во Чачак и според квотите, важи за аутсајдер. Сепак, кошарката е спорт каде што често се случуваат изненадувања, а тоа ќе се обидат да го сторат и избраниците на тренерот Боро Смилковски. ...

Екипата на ТФТ Скопје загуби убедливо на гостувањето во Чачак од Борац со 97:61 во првиот меч од плејофот за пласман во АБА 1 лигата. Борац и сезонава играше во елитното друштво, а на крајот заврши на претпоследното место на табелата, па мора сега да игра бараж дуели против ТФТ кој играше во финалето на АБА 2 лигата. Уште во првата четвртина Борац покажа сила и поведе со 22:12. Во втората четвртина домаќините водеа со 37:28, кога тимот од ...