Музеј Куманово и Обединета македонска дијаспора (United Macedonian Diaspora) потпишаа Меморандум за соработка, информираа денеска од НУ Музеј Куманово. Со потпишувањето на Меморандумот, додаваат од Музејот се поставува цврста основа за продлабочување на заедничките активности во областа на истражувањето, заштитата и промоцијата на македонското културно наследство. Оваа соработка претставува значаен чекор кон модернизација на музејската работа ...
Оваа соработка претставува значаен чекор кон модернизација на музејската работа и унапредување на научно-истражувачките процеси. „Во таа насока, Музеј Куманово изразува искрена благодарност за донацијата на современа ИТ опрема наменета за археолошкото одделение“, информираат од музејот. Новата опрема ќе овозможи поефикасна дигитализација на музејските предмети, како и обработка и анализа на обемни бази на податоци добиени преку современи ...

