Конференцијата повика енергетската и прехранбената криза поврзана со руската војна во Украина да не влијае на мерките за борба против климатските промени. Потребата од преземање мерки беше истакната во последниот извештај на Метеоролошката агенција на ОН. Во него, научниците процениле дека глобалната температура на Земјата се зголемила за 1,15 целзиусови степени од прединдустриската ера и дека последните осум години биле најтоплите години ...
Повеќе од сто светски лидери денеска се состанаа во египетското одморалиште Шарм ел Шеик, на самитот за климатски промени – КОП27. Меѓутоа, повеќето од светски лидери се состануваат на дводневниот самит кога САД се подготвуваат да гласаат на изборите во вторник, што значи дека американските политичари се фокусирани на домашните прашања. Претседателот Џо Бајден доаѓа во Египет неколку дена подоцна од многу негови колеги. Шефот на Обединетите ...