Полскиот воздушен простор беше повеќе пати нарушен од руски беспилотни летала за време на синоќешниот напад врз Украина, потврди Оперативната команда на вооружените сили. Некои од авионите што влегоа во Полска беа соборени, а во тек е обемна потрага по нивните остатоци. Оперативната команда соопшти дека ова е невиден настан што претставува директна закана за безбедноста на граѓаните. ❗️W wyniku dzisiejszego ataku Federacji Rosyjskiej na ...

Командата во Варшава е убедена дека дроновите не „заталкале“ случајно надвор од границите на Украина, зашто ги имало многу и навлегле длабоко во полскиот воздушен простор. Итно била информирана командата на НАТО и била преземена заедничка акција. Радарите следеа повеќе од 10 објекти, а оние што би можеле да претставуваат закана беа неутрализирани. Се прават напори за лоцирање на остатоците од соборените дронови, соопшти Командата. За пребарување ...