На конкурсот за текст за сликовница на тема ПОПРЕЧЕНОСТ стигнаа 43 ракописи од Македонија и Србија (25 на македонски, 18 на српски јазик): Владимир Петровиќ, Над планините Моника Стојановска, Најдобриот набљудувач на светот Мартина Дукоска, Наметната попреченост Владимир Трајановски, Еднакви Ирена Димова, Изгубен во Зборовград Дајана Сиљаноска, Лука во светот на музичките платна Маја Цветаноска и Иван Христов, Мете и планината Анита Буховски, ...
Седам копчи на сунцу (Седум конци на сонцето) на Драгана Младеновиќ е најдобро оценетиот ракопис на конкурсот за текст за сликовница на тема попреченост. Текстот на Младеновиќ на мошне креативен и духовит начин го парафразира мотивот на Храбриот кројач, познат од бајките. Во современата бајка на Младеновиќ Храбриот кројач е слеп, а повеќето актери имаат некој проблем: некои принцези и принцови се во инвалидски колички, некои актери имаат штаки, ...