Информацијата дека во сирење, декларирано со 20 проценти млечна маст, лабораториските анализи утврдиле присуство на само еден процент, предизвика бурни реакции во јавноста и кај надлежните институции. Случајот отвори сериозни дилеми за квалитетот и за составот на млечните производи што се пласираат на пазарот. На операторот му е изречена казна од 3.500 евра во денарска противвредност, но граѓаните сè уште немаат одговор дали станува збор за ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) утврди неправилности кај повеќе млечни производи од различни млекарници и брендови, при што лабораториските анализи покажуваат значителни отстапувања од вредностите наведени на декларациите, објави Скопје1, повикувајќи се на неофицијални резултати. Според податоците што ги пренесува „КУРИР“, меѓу производите кај кои се утврдени отстапувања се мешан кашкавал од Млекара „Милком“, каде што декларираната ...