Научниците предупредија дека тајфунот „Џангми“ се приближува кон Јапонија, носејќи обилни врнежи од дожд и силни ветрови. Откажани се повеќе од 300 летови, а можни се и предупредувања за итна евакуација. Јапонската метеоролошка агенција објави дека тропската бура е лоцирана западно-северозападно од Амами од седум часот утрово, а силните ветрови веќе предизвикаа штета на делови од Окинава и повредија повеќе од десет лица. Се очекува бурата ...

Се очекува бурата да донесе до 350 милиметри дожд во регионот Кинки во следните 24 часа, додека тајфунот Јангми би можел да донесе и обилни врнежи од дожд по должината на тихоокеанскиот брег на Јапонија за време на неговото понатамошно приближување кон копното, објавува NHK. Тајфунот Јангми веќе предизвика сериозни прекини во воздушниот сообраќај во Јапонија, а може да влијае и на железничкиот сообраќај, вклучувајќи ги и брзите возови ...