Скопје, 26 јули 2025 (МИА) - На 25.07.2025 во СВР Тетово е пријавено дека околу 22.50 часот на регионалниот пат Желино-Сиричино, тетовско, патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Ш. (19) од село Шемшево, општина Јегуновце, излетало од патот. Во несреќата А.Ш. се здобил со тешки телесни повреди, а неговата 14-годишна сопатничка се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид ...
Скопје, 28 јули 2025 (МИА) - СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(35) и Б.К.(33), двајцата од струшкото село Велешта, осомничени за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 18.05.2025 преку апликација на социјална мрежа, пријавените упатиле закани кон С.С.(42) од Струга, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија. СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.М.(48) од Богданци поради постоење основи на ...
Скопје, 27 јули 2025 (МИА) - На 26/27.07.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.З.(21), В.К.(45), М.Г.(40) и В.Н.(28), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. На 26.07.2025 во 13.33 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го ...