Екипата на Силекс не се намачи премногу за да дојде до водство на натпреварот против Башкими во Првата македонска лига. Откако резултатот го отвори дефанзивецот Дарко Илиевски за 1-0, гостите од Куманово си постигнаа и прилично комичен авто-гол со кој му дозволија на домаќинот да има комотна двојна предност по само осум минути игра. Башкими ќе има тешка задача за да се врати во игра за позитивен резултат на мечот во Кратово. Екипата на ...
Екипата на Силекс извојува победа над Башкими со сигурни и огромни 6-0 (3-0) во натпреварот од премиерното коло на Првата македонска фудбалска лига. Гостинскиот состав допатува со шестмина младинци и немаше сили да му се спротивстави на актуелниот Куп-освојувач, кој максимално ја искористи ситуацијата и до врв ја наполни мрежата на кумановчани. Кратовскиот прволигаш одлично го започна мечот и бргу најави дека ќе ја оправда фаворитската ...

