Португалија како голем фаворит освои само бод против Македонија (29-29), што е големо разочарување и за тимот и за тамошната јавност која ова Европско првенство (ЕП) го следи со големи очекувања. Португалците во еден момент водеа со пет гола, а Македонија иако со голем хендикеп, црвен картон и двајца повредени играчи, успеа да дојде до бод. Во завршницата имаше вистинска драма и резултатска бркотница. Можеше мечот да биде поинаков, да замине ...

Селекторот на Португалија, Пауло Переира, чувствува револт од играта на неговиот тим на мечот против Македонија кој заврши без победник (29-29) во рамки на втората фаза на ЕП 2026. Неговата селекција водеше со пет гола, но не успеа да го задржи тој плус против тимот на Лазаров кој се разигра и дојде до важен бод со кој се останува во игра за втората фаза. „Она што не одеше добро беше тоа што имавме предност од пет гола, а потоа ја изгубивме ...