Меѓу македонските светители-маченци што Македонската православна црква ги празнува со посебно внимание спаѓаат и Петнаесетте свештеномаченици од Тивериопол (Струмица). Во Службата за нив се вели дека преку нив стана сенародно просветлување на Тиверијците, а Христос им стана познат и на жителите на околината, дека градот Тивериопол и неговата околина од заблудата во идолите кон светлина ги одвеле и дека како сјајни ѕвезди и денес силно зрачат. За ...

Денеска е 28 ноември (стар стил) и се слави Свети Петнаесет Тивериополски (струмички) свештеномаченици. За време на владењето на императорот Јулијан Отстапник (361-363) беше извршен страшен прогон на христијаните. Тогаш во целата Римска империја беа издадени посебни наредби и беа испраќани луѓе да ги спроведуваат. Со тие заповеди секој што ќе се откажеше од Христа добиваше големи почести од царот, а ако пак не сакаше да се откаже од неговата ...