Селекторот Кирил Лазаров изрази задоволство од победата над Романија, но не криеше дека чувствата по натпреварот се измешани. Македонија посакуваше поубедлив триумф кој ќе ги одржеше шансите за пласман во втората фаза, но на крајот најважно беше тоа што бодовите останаа на наша страна. Победата има големо значење во контекст на полесен пат кон Светското првенство, иако со овој резултат практично згаснаа надежите за продолжување на настапот ...

Македонскиот селектор Кирил Лазаров изрази измешани чувства по драматичната победа на Македонија над Романија (24-23) во последното коло од групната фаза на ЕП 2026. Иако бодовите се освоени, Лазаров потенцираше дека екипата морала да го реши мечот многу порано. „Промашивме чисти зицери“ Лазаров смета дека клучниот проблем бил психолошкиот момент кога нашиот национален тим стигна до убедлива предност, која не знаеше рутински да ја зачува. ...