Изјавите на премиерот Димитар Ковачевски во последните два дена околу деталите од договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10-д се проблематични од аспект на вистинитоста и во дел од нив може да се детектира спин. За да може уверливо и без никаква дилема да се потврди дали опозицијата лаже и шири хистерија, сè што треба да се направи е да се достави договорот до јавноста. Стратешки и национален интерес на државата е граѓаните ...
Премиерот Димитар Ковачевски во последните два дена даваше изјави поврзани со прашања за делови од договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на 110 км автопатишта во С. Македонија, при што може да се детектира спин: Спин: Претставници на ВМРО-ДПМНЕ и нивното раководство во изминатиот период потврдија дека единствено што знаат да прават е да шират хистерија, лаги и да блокираат во Собранието. Тоа го правеа со сите законски решенија кои беа во ...