Пожарникарите, кажа, дошле многу брзо и веднаш се координирал со еден од нив околу помошта во гасењето. Цревото му го дал на пожарникарот, а тој со децата пошол кон неговиот сервис преку северната страна од дискотеката. Тогаш рече оти забележал дека помошната врата од „Пулс“ не е отворена. Со синот тргнале кон неговиот автомобил за да одат по клучот од сервисот, а потоа се вратиле назад и ставиле компресиски маски. Тогаш слушнале како почнал да ...

Дејан Николов, сопственик на автосервис во непосредна близина на „Пулс“, беше првиот сведок на Обвинителството, кој на денешното рочиште во детали раскажа што се случувало вечерта кога се запалило т.н. кабаре и како помагал во спасувањето гости во објектот. Тој, заедно со неговиот син и негови другари, вечерта бил гостин во „Пулс“. Одговарајќи на прашањата на обвинителот Владимир Милошевски, сведокот раскажа дека со негови пријатели претходно ...