Од март нема веднаш да се казнува ако пушите цигари пред училиште, јавна установа, внатре во угостителски објект или на автобуска постојка. Иако здравствените власти очекуваат законот за заштита од пушењето да се донесе идниот месец, тој ќе се спроведува во фази. Прво ќе се оди информативно, па подготвително, а санкционирање е третата етапа, но се уште не е дефинирано кога ќе се почне со парични казни. На речиси две недели од првичниот ...

Почетокот на март нема да значи и старт на казнувањето за пушење цигари пред училишта, јавни установи, во угостителски објекти, или на автобуска постојка. Ќе се почне со информирање и едукација, а казнувањето доаѓа на крај. Од Министерството за здравство велат дека целта не целосно е да се забрани пушењето, туку да се заштити здравјето на граѓаните. „Еве законот го има, но еве ќе ви дадеме простор во кој што ќе ве информираме дека работите ...