Најдобрата бугарска сноубордерка Малена Замфирова претрпе сложена операција во болница во Грац, која траела повеќе од шест часа и завршила околу 15 часот по локално време, соопшти Бугарската федерација за скијачки спортови, пренесува БГНЕС. Операцијата траела значително долго поради реконструкцијата на раздробената бутна коска. Карлицата е фиксирана, а се отстранети и надворешните фиксатори кои досега ги стабилизирале карлицата и бутот. ...

Бугарската сноубордерка Малена Замфирова е подложена на нова операција, соопшти за БГНЕС потпретседателот на Бугарската федерација за скијање Георги Бобев. „Вчера беше извршена интервенција во пределот на рамото, се надеваме дека ќе биде последната“, изјави Бобев. Замфирова беше тешко повредена откако скијач ја удри одзади во чешкото одморалиште Шпиндлерув Млин, каде што требаше да настапи на трка од Светскиот куп. На 9 март таа беше ...