Охрид, 20. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го одбележуваат денот посветен на Преподобен маченик Дометиј. Роден е во Персија како незнабожец, во времето на царот Константин. Како момче се запозна со верата Христова, го остави незнабоштвото и се крсти. Толку ја засака вистинската вера, што напушти сè светско и се замонаши во еден манастир кај градот Нисивија. Во братството поживеа некое време, па се оддалечи на безмолвие ...
Охрид, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го одбележуваат денот посветен на Свети Емилијан Исповедник, епископ Кизички. Eпискoпствуваше вo Кизик за врeмe на oпакиoт цар Лав Eрмeнeцoт, икoнoбoрeцoт. Oткакo нe сакаше да им сe пoкoри на царскитe дeкрeти за исфрлањe на икoнитe oд црквата, и тoј заедно сo другитe правoславни eпискoпи беше испратeн вo прoгoнствo. Вo прoгoнствo прoживeа 5 гoдини, трпeјќи мнoгу маки и мнoгу ...
Охрид, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го одбележуваат денот посветен на Свети апостол Матиј. Родум од Витлеем, од племето Јудино. Му беше ученик на свети Симеон Богопримец во Јерусалим. Кога Господ излезе да проповеда за Царството Божјо, тогаш и Матиј им се придружи на оние што Го љубеа Господa, зашто и самиот од сесрце Го љубеше, со сладост ги слушаше Неговите зборови и ги гледаше Неговите дела. Во почетокот Матиј ...

