Граѓаните и компаниите во март годинава во банките чувале 10,8 милијарди евра. Споредено со истиот месец лани, депозитите се зголемени за 11,3 отсто. Од друга страна, македонските граѓани инвестирале околу 1,5 милијарди евра во странски акции. Како случувањата на Блискиот Исток се одразуваат врз штедењето и инвестирањето? Податоците од Нродната банка покажуваат дека Македонците и натаму преферираат плаќање во кеш, наместо со картички. ...
Иако расте интересот за електронско банкарство, сепак се чини дека Македонците сè уште преферираат кеш. Лани од банкоматите подигнале 3,6 милијарди евра готовина, што е за дури 53 отсто повеќе од износот што го потрошиле плаќајќи со картичка на ПОС терминали (2,3 милијарди евра). Податоците од Народната банка покажуваат и дека Македонците лани потрошиле 470 милиони евра за плаќање онлајн. Евидентно е дека од година во година се зголемува ...

