Денеска советниците ја одржаа последната седница на Советот од нивниот мандат. Нови столици ги пречакаа во салата, а некои беа изненадени. Ја изгласаа Декларацијата за одржување на чесни, слободни и демократски избори. Ги прашавме и за столиците и за тоа кој ќе му недостига од левата и десната страна, а побаравме и прогноза за тоа кој ќе води битка во вториот круг од изборите за градоначалник на Битола. Во продолжение разговорите со дел од ...

Во денешниот Актуел беше ждрепката за редоследот на телевизиските интервјуа со кандидатите за градоначалник на Битола. Интервјуата ќе се емитуваат од понеделник 6 октомври во 16:20 часот секој работен ден. Редоследот според извлекувањето е следен: Понеделник 6 октомври-кандидатот за градоначалник од партијата Демократи-Јорго Огненовски. Вторник 7 октомври-кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата-Тони Коњановски. Среда 8 ...