Денеска се играат првите натпревари од Купот на Македонија во фудбал. Од 12 часот на СРЦ „Билјанини извори“ ГФК Охрид Лихнидос се среќава со трикратниот куп освојувач и прволигаш, Силекс од Кратово. Кратовчани влегуваат како фаворити во мечот, а Охрид се надева на ново изненадување по елиминацијата на Вардар претходно. За Охрид ова е второ полуфинале во историјата по тоа во сезоната 1993/94 со Пелистер. Охрид таа сезона како второлигаш ...

Без победник во Охрид: Силекс и Охрид ќе решаваат за финале во Кратово Екипите на Охрид и Силекс одиграа нерешено 1-1 на стадионот „Билјанини Извори“ во првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија, оставајќи ја одлуката за патникот во финалето за реваншот во Кратово. Натпреварот започна внимателно, без многу ризик од двете страни. Гостите од Кратово беа нешто поиницијативни во воведниот дел, но без конкретна завршница. Првите ...