Египет води 1-0 по првото полувреме против Австралија во првиот денешен меч од 16-финалето на Светското фудбалско првенство. Ова е историски дуел, бидејќи првпат се случува во нокаут меч на СП меѓусебе да играат две селекции кои не се ни од Европа ни од американските континенти. Стрелец на голот беше Емам Ашур, играч на Ал-Ахли од Каиро кој го даде и првиот гол за Египет на овој Мундијал. Египет никогаш не доби меч од нокаут фаза на СП и ...

УЕФА,остро реагираше на одлуката со која примената на автоматската суспензија од еден натпревар за американскиот напаѓач Фоларин Балоган беше ставена во мирување, оценувајќи дека со тоа е премината „црвена линија“. Во официјалното соопштение, објавено денеска, УЕФА наведува дека минималната автоматска суспензија од еден натпревар по црвен картон не е прашање на дискрециона одлука, ниту бара дополнително одлучување од надлежен орган за да ...