Црвеното јајце е симбол на Велигден. Првите три јајца се вапсуваат на Велики четврток пред изгрејсонце за да не ги види сонцето и затоа, според верувањата, не се расипуваат со години. Старите адети кажуваат дека в зори на Величетврток треба да се вапса барем едно црвено јајце. – Првото вапсано јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце. – Второто е за домаќинот на семејството. – Третото за бериќет и за стоката. За првото јајце ...

Охрид, 29. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават Велики Четврток. Првите три јајца, кои домаќинките ги вапцаа утрово, односно пред изгрејсонце за да не ги види сонцето, според верувањата не се расипуваат со години. Според традицијата, в зори на Велики Четврток треба да се вапца барем едно црвено јајце. Првото вапцано јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце. Второто е за домаќинот на семејството. ...