На денешното рочиште за трагедијата во Кочани, сведочеше и Ирена Минова, мајка на загината 16-годишна Драгана Минова. Таа на почетокот меѓу друго кажа дека ќерка и сакала да биде педијатар и дека била дете за пример. Таа лично ја однела во „Пулс“ на концертот на „ДНК“, оти ги сакала нивните песни. Посочи и дека пред вратата на т.н. дискотека имало многу луѓе, претежно млади, а по пат накај „Пулс“ видела и малолетници. Пред да се раздели со ќерка ...
На денешното рочиште за трагедијата во Кочани, како сведок на Основното јавно обвинителство, сведочеше Марија Петрушева, мајка на загинатиот Андреј и на Кристијан Петрушеви. Нејзиниот син Андреј работел во ресторан, а кобната вечер бил ангажиран за помош во т.н. дискотека „Пулс“. И нејзиниот друг син Кристијан, бидејќи имало многу гости бил исто така повикан да помогне во “Пулс“ од страна првообвинетиот Дејан Јованов Деко, газдата на т.н. ...

