СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека по кампања во која ги нарекувала политичките противници „предавници“ поради поддршка за уставни измени, сега самата се приближува до прашањето за внесување на Бугарите во Уставот како услов за продолжување на европскиот пат. Реакцијата доаѓа по новите изјави и политички препукувања околу блокираниот евроинтеграциски процес. Од партијата наведуваат дека власта треба јавно да каже дали се подготвува да го отвори ...
Политичката реторика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ повторно се заостри, откако двете партии разменија остри соопштенија поврзани со уставните измени и прашањето за внесување на Бугарите во Уставот, како дел од процесот за продолжување на европските интеграции. Од СДСМ обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ, по долг период на критики и обвинувања за „предавство“, сега ја менува својата позиција и најавува поддршка за уставни измени. Според нив, ова претставува ...

