Словенечкиот дипломат Марта Кос е новиот комесар на Европската комисија (ЕК), задолжена за проширување на ЕУ и за источното соседство на Унијата. Таа ќе треба да работи на проширувањето на ЕУ, пред се, со земјите од Западен Балкан кои како да сакаат да се приклучат на Унијата, но самите ( најчесто) не прават ништо за исполнување на условите за влез во елитното европско семејство од 27 земји-членки. Кос исто така ќе дејствува и во подршката на ...
Новата комесарка за проширување во новата Европска комисија ќе биде Словенката Марта Кос, соопшти денеска во Европскиот парламент претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Словенечката дипломатка ќе биде задолжена и за источното соседство на ЕУ. Кос ќе работи на поддршка на Украина, ќе продолжи да работи на обновата на таа земја и ќе ги поддржува земјите кандидати да се подготват за пристапување во ЕУ, изјави Фон дер Лајен на ...