Во пресрет на КОЛЕДЕ… Коледе во Битола. Оган, песна и детска радост… Во Битола, празникот Коледе отсекогаш бил повеќе од обичен обичај. Тој бил и е жив спомен, пренесуван од поколение на поколение, празник што ја грее душата исто како што огнот ја грее ноќта. Во најдолгите зимски ноќи, кога снегот тивко ја покрива калдрмата, а студот се вовлекува во секоја пукнатина, Битола знае да засвети од огновите на Коледе. Во пресрет на празникот, низ ...
Вечерва на Коледе пред секоја врата ќе светне големата Божиќна Пештера, која ќе ја носат еден куп мали дечиња кои носат радосни вести дека ќе се роди спасител. Нашите Бадникари веќе почнаа да ја шират радоста и топлината во секој дом во Битола и беа пречекани од повозрасните, порачаа од Бадникови поворки Битола. Оваа убавина, овие чекори и детската радост што се разлева низ маалата, решивме да ги зачуваме и во видео, снимено додека одиме од ...

