Балканската истражувачка мрежа Македонија, односно редакцијата Призма.мк, открива дека триесетгодишниот Драган Крстев се појавува во две компании поврзани со Александар Мијајловиќ и Иван Драгњиќ, осомничени во Србија за шверц на пет тони канабис запленет во Коњух, во мрежа што го пренасочувала легалното производство во Северна Македонија кон црниот пазар. По два месеци истражување на документи, посета на терен и разговор со неколку луѓе од ...

Автор: Владо Апостолов, Фросина Димеска и Јелена Вељковиќ Еден македонски државјанин, во две фирми за канабис во Македонија ги поврзува Србите осомничени за шверцот на петте тони марихуана, кој беше откриен во јануари годинава, во близина на српскиот град Крушевац. Триесетгодишниот Драган Крстев, во различни периоди бил прво управител, а потоа и косопственик во фирми на сега веќе осомничените Александар Мијајловиќ и неговиот помошник Иван ...