Ниската наплата на сметките за потрошена вода за пиење е причина да не се собираат средства за модернизирање на водоводната мрежа која редовно има дефекти, па има и чести прекини во водоснабдувањето. Овие децениски проблеми се белег на Општина Тетово, а во неколку наврати досега преку дебати се бара решение- меѓу другото и за воспоставување јавно-приватно партнерство. Граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“ оценува дека тетовци веќе имаа ...

Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, смета дека наплатата на сметките за вода треба да ја врши приватна фирма бидејќи ако Општината ги дава на извршители неплаќачите, тие нема да го гласаат на избори. Касами ова го кажа на јавната расправа за физибилити студијата изработена од Градежниот факултет во Скопје за состојбата и мерките кои треба да се преземат за подобрување на водоснабдувањето. „Општината, за жал ,нема доволно ...